Дигитална збирка на текстови од македонските дијалекти

Мапа на дијалекти

Народните говори претставуваат духовно културно наследство од исклучително значење, имаат огромно значење за зачувување на традицијата, јазичните и културните специфики на населението. 

Дигиталната збирка на текстови од македонските дијалекти претставува интерактивна збирка на околу 300 дијалектни текстови од целата територија на Македонија. Текстовите се претставени преку интерактивна мапа со основни дијалектни податоци за соодветните населени места. Покрај текстовите, на интерактивна мапа се поставени и 25 аудио записи од македонските дијалекти. 

Текстовите од дијалектите на македонскиот јазик, како на територијата на Р. Македонија, така и надвор од нејзините граници, се собирани во подолг временски период во текот на XX век. Постојат повеќе монографии на македонските дијалекти во кои се поместени дијалектни текстови (приказни, раскази, кажувања, како и збирка на текстови од дијалектите на македонскиот јазик подготвена од акад. Б. Видоески). 

Преку Дигиталната збирка на текстови од македонските дијалекти ќе се овозможи понатамошно проучување, заштита и афирмација на македонските дијалекти. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија, и е реализиран од ИЦАЛ при МАНУ под координаторство на проф. д-р Марјан Марковиќ, и со учество на соработниците: м-р Ангелина Панчевска, Соња Миленковска и Борко Јовановски.

 

Click for a larger map (or if using IE)